Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Власта се заканува со кривични пријави за да нѐ замолчи

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на преваничка Резолуција во Собранието. 

Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.

Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале.  Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.

Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор,  и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста. 

Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто.

Затоа во предавничката Резолуција внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.

Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0. 

СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.

Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.

Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа. 

Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.

Борбата продолжува и нема да запре!

Можете да прочитате

Со сослушување сведок и вешти лица продолжи судењето во Велес за опожарената куќа во Капиново

Средба Мицкоски – Сјаојан: Односите меѓу нашите две земји се темелат на заемна почит, разбирање и соработка

Одржано подготвително рочиште за случајот „Крмзов“, првото рочиште закажано за 27 март