Утрински Весник
Македонија

Собранието го усвои Законот за средно полициско училиште

Policija.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Собранието вечерва, на продолжението на 67. седница, го донесе Законот за средно полициско училиште. Расправата за законот, кој беше усвоен со Бадентерово мнозинство, беше завршена претходно. Со усвојувањето на законот се воспоставува правна рамка за формирање и функционирање на средно полициско училиште каде ќе се образуваат идните полициски службеници. Во образложението на законот е наведено дека средното образование ќе се организира во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, во согласност со новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија.

Наставата ќе трае две учебни години, односно трета и четврта година средно образование, така што учениците по завршување на прва и втора година во редовно средно училиште, преку објавен конкурс, ќе можат да се пријават и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, да го продолжат своето образование во средното полициско училиште.

Согласно потребите на Министерството за внатрешни работи, паралелно ќе може да се спроведува и досегашната основна обука за полицаец, која трае една година. – Анализите од досегашната пракса и искуства од земјите во кои се спроведува средното полициско образование (Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Чешката Република и други), укажуваат на тоа дека со ваков вид на образование иако се произведува помала бројка на кадар, со него се оди на постигнување квалитет.

Самото образование како подолготрајно дава поголеми резултати. Дополнително на ова е и фактот што кандидатите за средно полициско училиште се запишуваат на 15/16-та годишна возраст, наспроти сегашната основна полициска обука со 18 до 25-годишна возраст, се вели во образложението. Последната генерација ученици во Средното полициско училиште заврши во 2000-та година, а со новото законско решение ќе се продолжи со 25-та генерација.

Можете да прочитате

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“

Мицкоски: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ