Утрински Весник
Свет

Интерпол издаде црвена потерница за осомничен за кражба на злато и сребро во Истанбул

Zlato.webp.webp

По барање на Турција, Интерпол издаде црвена потерница за лице осомничено за исчезнувањето на 25 килограми злато и 55 килограми сребро од судско депо во Истанбул.

На почетокот на месецот, судските службеници забележале дека од депото на Судот во квартот Бујукчекмеџе, каде се чуваат докази, недостигаат злато и сребро, чија вредност се проценува на над 147 милиони лири (околу три милиони евра). Исто така, било забележано дека долго време е отсутен еден од нивните колеги.

Турското обвинителство веднаш покрена истрага и утврди дека главниот осомничен отпатувал за Лондон, придружуван од својата сопруга, за која исто така е распишана потерница. Досега, во случајот е приведено само едно лице.

Можете да прочитате

Убиен командант на военото крило на Хамас

Путин оди во дводневна посета на Кина

САД се закануваат со воена интервенција поради блокадата на Ормускиот теснец