Утрински Весник
Свет

Њу Делхи воведе строги мерки поради тешко загадување на воздухот

Zagadenost Na Vozduhot.jpg

Властите во индискиот главен град Њу Делхи воведоа строги ограничувања за сообраќајот и намалување на присуството на вработените во приватните и државните канцеларии, поради тешкото загадување на воздухот. Индексот на квалитет на воздухот (AQI) во регионот, каде што живеат околу 30 милиони луѓе, надминува 450, а густата магла дополнително ја намали видливоста, нарушувајќи авионски и железнички сообраќај.

Комисијата за управување со квалитетот на воздухот ја активира четвртата фаза највисокото ниво од Планот за постепен одговор за Делхи. Мерките предвидуваат забрана за влез на постари дизел-камиони, прекин на сите градежни активности, хибридна настава во училиштата и работа од дома за 50% од вработените во јавните и приватните институции. Регистрираните градежни работници ќе добијат надомест од околу 110 долари поради прекинот на работата.

– Нашата влада е посветена на обезбедување чист воздух во Делхи. Ќе преземеме строги чекори за да го обезбедиме тоа во наредните денови, изјави министерот за животна средина на Делхи, Манџиндер Синг Сирса.

Загадувањето на воздухот е хроничен зимски проблем во градот, предизвикан од задржување на емисиите од сообраќајот, градилиштата и палењето земјоделски остатоци во соседните региони. За споредба, AQI под 50 се смета за добар квалитет на воздухот.

Можете да прочитате

Убиен Саиф Гадафи, син на Моамер Гадафи

Трамп: Веќе увезовме 50 милијарди барели нафта од Венецуела

Сијарто: ЕУ ја продолжува војната во Украина, Унгарија нема да учествува во „финансирање убиства“