Утрински Весник
Македонија

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета

Vlada.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во однос на денешната прес-конференција на опозицијата, должни сме јасно и недвосмислено да укажеме дека изнесените наводи се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета и свесна конструкција.
 
Обидите на опозицијата се јасни, да конструира наративи без фактичка основа.
 
Затоа, уште еднаш потенцираме дека сите релевантни податоци се јавно достапни и лесно проверливи преку официјалните електронски системи на надлежните институции.
 
Овие слаби и безидејни конструкции, лесно се распаѓаат при најосновна проверка.
 
Станува збор за централизирана јавна набавка за 20 министерства со одлука на Владата. Набавката на овие системи има за цел да ја зајакне сајбер – безбедноста на институциите преку навремена идентификација на безбедносни слабости и проактивна заштита од закани.
 
Во текот на постапката имаше две понуди, а наведениот субјект имаше најповолна понуда. Постапката беше спроведена без никаква забелешка, ниту пак покрената жалба.
 
Во однос на другата спомената јавна набавка, станува збор за реално потребен софтвер за проект кој го ветивме пред граѓаните со цел зголемена транспарентност и дигитализација на институционалните процеси, односно предвидува модул за следење на договорите (нивна исполнетост и количина), модул човечки ресурси, модул увид за барања од разни институции до СОЗР, прегледност на режиски трошоци и која институција колку троши.
 
Овие факти потврдуваат дека станува збор за тенденциозен обид за политичка манипулација, во кој се пласираат фабрикувани тврдења без ниту еден релевантен доказ.
 
Наводите поврзани со поединци и наводни привилегии се апсолутно неточни и се во директна спротивност со фактите и достапната документација од надлежните институции.
 
Јавно и одговорно тврдиме дека во сите постапки не постои ниту најмал пропуст, ниту најмала неправилност.
 
Опозицијата, очигледно неспособна да понуди идеи, програми или визија, повторно посегнува по стариот и веќе прочитан рецепт на измислици, но ова се бледи и безидејни конструкции кои го разоткриваат очајот на оние што ги пласираат.
 
Институциите работат транспарентно, законски и отчетно, а секој што тврди спротивно ќе мора своите зборови да ги поткрепи со факти, а не со празни политички конструкции.
 
Ги охрабруваме сите заинтересирани страни да се информираат од официјалните извори и да не подлегнуваат на политички мотивирани шпекулации.
 
Јавноста заслужува одговорност, факти и транспарентност, стои во соопштението од прес службата на Владата.

Можете да прочитате

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Полициска акција во Штип – приведени службеници

Тетовец пријавен за закани кон полициски службеници во Гостивар