Утрински Весник
Балкан

Бугарскиот парламент го усвои законот за продолжување на буџетот на прво читање

Bugarija 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со 149 гласа „за“, 38 „против“ и 12 „воздржани“, бугарскиот парламент на прво читање го усвои таканаречениот закон за продолжување на буџетот за 2026 година.

Поддршка за законот дадоа пратеничките групи на ГЕРБ-СДФ, „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, „ДПС – Нов почеток“, „Постои таков народ“, „Алијанса за права и слободи“, како и двајца независни пратеници. „Преродба“ и „Морал, единство, чест“ гласаа против, додека „БСП – Обединета левица“ беше воздржана. Пратениците денеска треба да го разгледаат законот и во второ читање.

Станува збор за предлог-закон што ќе важи до усвојување на државниот буџет, буџетот за социјално осигурување и буџетот на Националниот фонд за здравствено осигурување за 2026 година. Заменик-претседателката на пратеничката група ГЕРБ-СДФ, Деница Сачева, во заедничка изјава со „Постои таков народ“, изјави дека очекува законот да биде усвоен и на двете денешни гласања.

Претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, предупреди на сериозни последици од продолжувањето на буџетот.

„Нека им биде јасно на сите дека последиците до кои води сето ова се тешки – нема да има зголемување на приходите за наставниците, лекарите, над 400.000 семејства тие нема да добиваат детски додаток на време, бидејќи нема да има доволно приходи, над 100.000 лични асистенти ќе имаат доцнење на плаќањата, 750.000 лица со попреченост исто така останаа без средства“, објасни Борисов.

Претходно денеска, по тепачка меѓу пратеници во пленарната сала, претседателката на Народното собрание Раја Назарјан даде пауза. Камерите забележаа вербален и физички инцидент меѓу Гунај Далулу од „ДПС – Нов почеток“ и Радостин Василев од „Морал, единство, чест“.

Можете да прочитате

Грција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан

Србија нема да учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан

Рама формира комисија за етика за борба против непотизмот во СП