Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Директорката на ГАК веднаш да поднесе оставка, поради прикривање смрт на бебе

Radeska sdsm.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прес-конференција на СДСМ:

Денеска со огорченост стоиме пред оваа Клиника, ГАК, и бараме одговорност за последниот скандал со смртта на бебе!

Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот живот пред себе, овде умрела, вистината, лекарската грижа, моралот и одговорноста.

А директорката се обидела да го сокрие случајот.

Новородено бебе, со реална шанса за живот, починало на интензивна нега. На родителите им било кажано дека смртта била неизбежна. Дека ништо не можело да се направи.

Но документите од самата Клиника говорат поинаку. Внатрешни пријави, изјави на лекари и официјални записници велат дека има сомнежи за лекарска грешка.

Началничката на интензивна нега, писмено пријавила дека несоодветно лекување од страна на педијатарка довело до компликации и смрт на бебето.

Според таа пријава, реинтубацијата траела дури 20 минути. Не секунди. Дваесет минути.

Во тие 20 минути, на бебето му биле нанесени повреди по што настанала и смрт.

Ништо од ова не им било кажано на родителите. Ниту дека постои сомнеж за сериозна лекарска грешка. За тоа дознале од новинари. Од свиркачи. Не од Клиниката. Не од институциите.

И сега доаѓа клучното прашање.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, иако била формално известена за сомнежите и за смрт со можни пропусти во лекувањето, два месеца не известила никого.

Ова е огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството.

Бараме итна оставка на директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев.

Каква е таа докторка за која Хипократова заклетва е само на хартија?

Бараме целосна, независна истрага и одговорност од сите инволвирани – без разлика на функцијата, титулата или хиерархијата.

Ова не е прашање на политика. Ова е прашање на живот, вистина и морал.

Оставка.  Одговорност. Вистина – до крај. Секој што се огрешил мора да одговара!

Можете да прочитате

СДСМ: Предавство на Македонија во живо, во Собранието 

Критиката – неопходен коректив на власта

Турист од Турција нападнал вработен во скопски хотел