
Премиерот Мицкоски истакна дека нема да се населуваат мигранти во вечерашното интервју во ,,Тема на денот” на Сител ТВ. Истакна дека нема вистина во тоа и дека не може да го разбере неодговорното однесување на СДСМ кои што шират паника и страв кај граѓаните.
„И не само што нема вистина, туку јас навистина не можам да ги сфатам овие политички гимнастики кои што ги прави опозицијата кај нас од аспект на сеење страв и паника кај граѓаните. Тоа е неодговорно однесување“, смета тој.
Мицкоски потенцираше Владите на СДС биле промигрантски, бидејќи во 2017 година на владина седница усвоиле и донеле Национална стратегија, и преку Министерството за социјална политика и труд и испраќале дописи до општините и барале соодветни места и локации каде што би се изградиле потенцијални кампови.
„Од друга страна ги разбирам затоа што ова е тема на која што тие мислат дека внатрешно ќе се мобилизираат, иако ако се вратиме наназад во минатото ќе забележиме дека практично политиката која што тие ја воделе и нивните Влади, е токму промигрантска, односно луѓе кои што воделе политика на интегрирање на мигранти. И тоа јасно го кажува националната стратегија од 2017тата година усвоена и донесена на владина седница од страна на тогашното министерство за социјална политика и труд, и врз основа на таа стратегија тие праќаат дописи во општините за да бараат соодветни места и локации каде што би се изградиле потенцијални кампови односно живеалишта на лица кои што се странски државјани и кои што би се интегрирале, читај мигранти“, вели Мицкоски.
Премиерот Мицкоски испрати порака до граѓаните дека нема никаков договор за прифаќање на мигранти, ниту пак како што рече тој ќе има такво нешто додека е тој претседател на Владата.


