Утрински Весник
Македонија

Алексовска: Кратењето на буџетот за ретки болести го загрозува континуитетот на терапијата

Lekovi Apteka.jpg

Претседателката на здружението „Живот со предизвици“, Весна Алексовска, алармира дека драстичното кратење на буџетот за Програмата за ретки болести во 2026 година може да го загрози животот на пациентите кои зависат од континуирана терапија.

„Со уште помал буџет, се отвора прашањето дали во 2026 година пациентите ќе добиваат терапија само дел од годината или ќе мора да чекаат евентуален ребаланс, додека нивната здравствена состојба се влошува“, порачува Алексовска.

Таа посочува дека бројот на пациенти со ретки болести расте и дека потребата за лекови, особено иновативни терапии, не се намалува. Алексовска ги повикува Министерството за здравство, Министерството за финансии, Собранието и Владата да обезбедат јасен план за континуитет на терапијата.

„Ретките болести не можат да чекаат тендери и ребаланси. За пациентите, континуитетот на терапијата е прашање на преживување“, истакнува таа.

Можете да прочитате

Петровска: Две години нема зголемување на платите во одбраната, а Владата зборува за историски успеси

Николовски: Срамно е вицепремиер задолжен за борба против корупцијата два месеци да не работи

Николовски: Трипуновски мора да си замине – земјоделството е во хаос, а институциите се разнишани од корупциски скандали