Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен

20251215120639 big 730x400 42.webp.webp

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со израелската амбасадорка во земјава, Вивиан Аисен, како и со почесниот конзул на Израел во Македонија, Градимир Шумковски.

-Денеска остварив исклучително конструктивна и пријателска средба со амбасадорката на Државата Израел, Н.Е. Вивиан Аисен, како и со почесниот конзул на Израел во Македонија, г. Градимир Шумковски. Во рамки на разговорот ја претставив визијата за развој на Скопје, заснована на одржливи политики, јасна стратешка рамка и силна посветеност кон модернизација на јавните услуги и унапредување на урбаното уредување, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

На средбата, како што информира, ја нагласил важноста од размена на добри практики со Израел, земја препознатлива по напредните технолошки решенија и успешните модели на урбана трансформација.

-Потенциравме дека ваквите партнерства можат значително да придонесат за подобрување на квалитетот на живот, зголемување на ефикасноста на градските системи и поодржливо долгорочно планирање на главниот град, нагласи Ѓорѓиевски.

Амбасадорката Аисен изразила подготвеност за продлабочување на институционалната соработка и поддршка на иницијативи кои ќе го унапредат развојот на Скопје како модерен, безбеден и инклузивен град.

-На средбата ја потврдивме важноста од редовна комуникација и координација, како и од отворање нови можности за реализација на проекти од заемен интерес. Истакнав дека оваа соработка ќе придонесе Скопје храбро да чекори напред како град ориентиран кон иновации, стабилни партнерства и иднина во која секој граѓанин ќе има подобар квалитет на живот, истакна градоначалникот на Скопје.

Можете да прочитате

ЈСП со важно соопштение до пензионерите: Бесплатните билети ќе се блокираат доколку не се заверат

Дел од општина Центар утре ќе нема вода

Петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош