Утрински Весник
Скопје

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела

Image 2025 12 15 095202112.png

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 08.12. до 14.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.      

Можете да прочитате

Саем за мебел од денеска во СЦ „Борис Трајковски“

Герасимовски: Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад

На Плоштадот „Македонија“ граѓаните имаа можност да учат за првата помош од обучени тимови на Црвен крст, МВР и АРМ