Утрински Весник
Македонија

Филипче: Во вторник ќе се обелодени новото раководство на СДСМ

Img 3157.jpeg

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави целосна консолидација и кадровско освежување на партијата, процес кој официјално ќе биде заокружен овој вторник. Во гостување на телевизија Сител, Филипче ги отфрли шпекулациите дека е осамен на „Бихаќка“ и истакна дека се создава „нова сила“ составена од комбинација на искусни и млади партиски кадри.

Според него, промените во партијата влегуваат во својата финална фаза. Филипче појасни дека оставките сè уште не се констатирани, но дека тоа ќе се случи на седницата закажана за вторник, кога ќе бидат избрани и новите потпретседатели, како и новите членови на Извршниот одбор. „Практично, создаваме една нова сила во партијата“, нагласи Филипче.

На прашањето дали веќе се дефинирани имињата на новите соработници, претседателот на СДСМ потврди дека списокот е подготвен, но дека засега ќе остане во тајност. Тој побара трпение од јавноста до официјалното соопштување во вторник.

Во однос на иднината на актуелните функционери, Филипче оцени дека во СДСМ постои висок степен на политичка зрелост и одговорност. „Никој не е заинтересиран по секоја цена да задржи партиска функција. Сите се почитувани членови и убеден сум дека ќе продолжат да придонесуваат за партијата и без формална функција“, истакна тој.

Можете да прочитате

Филипче: Димитријевиќ останува Ген Сек, Трајановски потпретседател на СДСМ

Министерката не одговори зошто се скратени парите за ретки болести – одговорноста била во Здравство

Мицкоски: Го вративме името, дури и Венко и СДСМ користат само Македонија без северна