Утрински Весник
Свет

Хамас: Убиството на високиот командант на Хамас ја доведува во прашање одржливоста на примирјето со Израел

Hamas.webp.webp

Халил ел Хаја, претставник на палестинската група истакна дека убиството на висок командант на Хамас ја доведува во прашање одржливоста на примирјето со Израел за прекин на војната во Појасот Газа

Ел Хаја го повика претседателот на САД, Доналд Трамп, да изврши притисок врз Израел да се придржува до договорените услови на примирјето, пренесува агенцијата Ројтерс.

Неговата изјава следува по убиството на високиот командант Раед Саид, кое Хамас го оцени како најзначаен атентат врз висок функционер на движењето од почетокот на примирјето во октомври. Илјадници приврзаници на Хамас се собраа во градот Газа на погребот на Саид и на уште тројца негови соработници кои загинаа заедно со него, обвинувајќи го Израел за нападот. Присутните извикуваа пароли и ги носеа телата во ковчези покриени со знамињата на Хамас.

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран