Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова прими делегација на АЛДЕ

Gordana Siljanovska Davkova 702x336 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) од Европскиот Парламент, учесници на меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?”, што се одржа во Скопје.

Гостите ја истакнаа цврстата поддршка на АЛДЕ за деблокирање на евроинтегративниот пат на Македонија и забрзано интегрирање на Западен Балкан во ЕУ, преку иновативни и креативни решенија во овој комплексен геополитички период.
Претседателката ги презентираше своите гледишта и предлози за излез од застојот, врз основа на принципите и вредностите утврдени во европските конститутивни акти.

Гостите, како што посочи Сиљановска-Давкова, покажаа интерес и подготвеност да помогнат во надминувањето на сегашниот статус кво преку иницирање конкретни решенија во рамките на Европскиот парламент.
На средбата присуствуваа Свења Хан, претседателка на АЛДЕ и германска европратеничка; Рик Дамс, потпретседател на АЛДЕ и поранешен претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа; Весна Пусиќ, прва претседателка на Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕН) и поранешна вицепремиерка и МНР на Хрватска; Моника Зајкова, претседателка на Либерално-демократската партија; и Емил Кирјас, потпретседател на Либералната интернационала.

Можете да прочитате

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“