Утрински Весник
Македонија

МВР со детали за пожарот во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба

Img 3066.jpeg

На 13.12.2025 во 21:29 часот во СВР Скопје е пријавено дека во круг на фабрика на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на два магацини, сопственост на М.Р.(46), кои ги изнајмил на други лица.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.

Денеска (14.12.2025), за време на вршење на увидот, во еден од објектите, кој под наем го користи М.А. од Скопје, пронајдено е опожарено тело на машко лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Можете да прочитате

НЕ ОТВОРАЈТЕ ПРОЗОРЦИ: Густ чад и силна миризба на изгорено низ Скопје

71 годишен маж погоден од залутан куршум пред трговски центар во Сарај

Повредени двајца вработени на ЈП ,,Комунална хигиена”