Утрински Весник
Македонија

Со филмот „13-тиот ДЕН“ завршува 10-от фестивал „Богородичен покров“

20251212155915 big 730x400 43.webp.webp

Со проекција на „13. ДЕН“, долгометражен игран филм од 84 минути, вечерва ќе биде затворено јубилејното 10. издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“.

– Во свет растргнат од прогон, војна и угнетување, три деца беа избрани да ја пренесат пораката на Пресвета Богородица за надеж на светот. Ова е едно од најголемите чуда на Пресвета Богородица во историјата на светот, кога Сонцето танцуваше на небото на 13 октомври 1917 година, во португалскиот град Фатима. Според критиките, ова е совршен и најдобро снимен филм на овој настан во историјата на кинематографијата, информира фестивалскиот тим. 

Филмот е  во продукција „13TM DAY Films“, Обединето Кралство, 2009. Проекцијата е во 19 часот на Европскиот универзитет Скопје. 

Фестивалот се одржува со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски  г.г. Стефан и почесниот претседател на фестивалот митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј. Посветен е на духовните, хумани и културни вредности и е единствен од ваков жанр во државава.

Можете да прочитате

Средба Мицкоски – Сјаојан: Односите меѓу нашите две земји се темелат на заемна почит, разбирање и соработка

Одржано подготвително рочиште за случајот „Крмзов“, првото рочиште закажано за 27 март

Клековски: Над 14.000 хируршки интервенции за тумори, но слаб одѕив за специјализации по патологија