Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Предавство за пари – колаборантите од ЗНАМ ќе одговараат исто како и ДПМНЕ

Sdsm.jpeg

Колаборација (лат. collaborāre) значи соработка, односно заедничка работа помеѓу поединци или групи за постигнување на некаква цел.

За време на Втората светска војна, овој термин стана симбол за соработниците на владите со окупаторите од нацистичка Германија.

Тип на соработка: политичка.

Тоа го гледаме и денеска.

Колаборантот Максим Димитриевски прво ја предаде СДСМ.

Сега, преку ЗНАМ, ја предава и Македонија. За што? За пари, бизниси и моќ.

ЗНАМ-ДПМНЕ заедно се во криминалот и заедно ја продаваат Македонија. За пари. Затоа и договорот за мигранти е поради пари.

Како што велат денеска колаборантите од ЗНАМ: „Официјален демант дадоа сите релевантни институции во државата, на чело со премиерот“. Аха, значи ЗНАМ нема свој став – како што кажал премиерот, така.

Колку провидно.

Нема посилна потврда дека ЗНАМ-ДПМНЕ се заедно во дилот за мигранти и дека се договорени да сценираат судир за одвлекување на вниманието на граѓаните од темата мигранти.

Едно нешто заборавиле колаборантите од ЗНАМ- ДПМНЕ.

Прочитани сте, разоткриени сте, ви го знаеме секој чекор однапред. Народот не сака мигранти за пари и е подготвен да продолжи да се бори за Македонија.

Ќе одговарате заедно!

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Можете да прочитате

Повторно е блокиран граничниот премин Евзони

Намалена видливост поради магла на овие патни правци

Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“