Утрински Весник
Македонија

(Фото) Униформирани лица на протестот за УЧК во Скопје

Uckskopje.jpg

Денеска од 13.00 часот на плоштадот Скендербег во Скопје се одржа протест за поддршка на припадници на УЧК кои се осудени или под истрага од страна на Меѓународниот суд во Хаг.

На протестот организиран од ДУИ и претседателот Али Ахмети присуствуваа околу 1.000 граѓани носејќи албански, американски и косовски знамиња како и транспарентни со поддршка на одредени членови на УЧК.

Она што предизвика особено внимание беа лицата кои стоеа на бината облечени во воени униформи со обележја на Ослободителната војска на Косово.

По кусото обраќање на Ахмети, протестот кој доби поддршка и од министри од актуелната Влада, заврши по што граѓаните се разотидоа.

До овој момнет се уште нема реакција на државните институции и политичките субјекти во државата.

Можете да прочитате

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните