Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Опозицијата се обединува против мигрантските договори на ДПМНЕ

Venko sdsm pres 3.jpg

Им благодарам на претставниците на сите партии од нашата коалиција кои се одѕваа на мојата покана да денес поразговараме за најважниот и најголем проблем а тоа е тајниот договор за мигранти на оваа влада со Велика Британија, рече на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Разговаравме за сериозноста на состојбата во која сме соочени и притоа секој од нив даде свое мислење. Сите учесници се согласија дека е огромна опасност за Македонија да се вовлече во еден таков модел со којшто што мигранти ќе доаѓаат во нашата земја. Еве гледаме дека први мигранти доаѓаат во Косово и во Албанија.

Јас сум задоволен и благодарен што сите ја поддржаа предлог Резолуцијата за прекинување на овој процес за примање на мигранти и секако дадоа и свои конструктивни предлози.

На сите им е позадината кристално јасна, ние сме решени заедно да се бориме.

И ова е силна порака кога сме заедно, можеме многу повеќе. И тоа е многу охрабрувачки, поради тоа што резолуцијата не е партиско решење, ниту предлог. Тука се работи за државничко и граѓанско прашање. Ова е практично договор со народот на Македонија.

Резолуцијата јасно и недвосмислено треба да гарантира дека во Македонија нема да се прифатат мигранти како резултат или како дел од било какви тајни договори, разговори, пакети или условени кредити. Уште еднаш ги повикувам ВМРО ДПМНЕ, премиерот Мицковски да не молчат, да одговорат на нашите повици, заеднички да ја потпишеме оваа резолуција и да ја поднесеме и да ја изгласаме во Собранието. Само така, ќе бидеме сигурен дека мигранти за пари во Македонија нема да има.

Политичко општествената акција која што ја започнавме продолжува и понатаму. Оваа платформа ќе се шири со претставници на граѓанскиот сектор, на младите, на синдикатите, на сите демократски сили, на студентите, со една, единствена цел. Одбрана на државата, на демократијата и на безбедноста на граѓаните.

Можете да прочитате

Советник од СДСМ го подели својот паушал со пожарникар и вработен во комунална хигиена

Наташа Крстевска Цалева назначена за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Забрчанец: На секое парче пропаганда треба да одговориме со две парчиња квалитетна содржина