Утрински Весник
Балкан

Косово прифаќа мигранти депортирани од САД

Migranti Gevgelija 2015.jpg

Техничкиот премиер Албин Курти изјави дека Косово започнало да прифаќа мигранти депортирани од САД, иако тие не се од косовско потекло. Според договорот со администрацијата на Доналд Трамп, во првиот бран Косово треба да прими 50 лица.

„Ги прифаќаме оние што САД не ги сакаат на своја територија“, рече Курти за Канал 10, додавајќи дека досега пристигнале едно до две лица.

Потеклото на депортираните засега не е познато. Косово претходно се согласи да прими и 300 странски затвореници од Данска од 2027 година, за што ќе добие 210 милиони евра во следната деценија. Земјата изразила интерес и за прием на депортирани лица од Велика Британија.

Можете да прочитате

Тешка поморска несреќа во Грција: 15 загинати, 24 повредени

(Видео) На ГП „Блато“ уапсен македонски државјанин, се обидел да избега со автомобилот преку граница

Приштина е најевтината престолнина во Европа