Утрински Весник
Македонија

Мал авион падна во Мавровско Езеро, двајца Косовци спасени од водите

Avionska nesrekja avion mavrovsko ezero.jpg

Мал спортски авион денеска околу пладне паднал во водите на Мавровското Езеро, при што во леталото се наоѓале двајца државјани на Косово – пилотот Д.М. (64) и патникот Џ.П. (41).

И покрај опасната ситуација, и двајцата успеале да излезат од авионот непосредно по падот и самостојно да допливаат до брегот. Тие се здобиле со телесни повреди и веднаш биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар, каде им е укажана лекарска помош.

„Денеска (12.12.2025) во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското езеро… паднал мал спортски авион. Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани“, соопшти полицијата.

Причините за падот на авионот засега не се познати, а на терен работат екипи на полицијата и надлежните служби за да се утврдат деталите од несреќата.

Можете да прочитате

Клековски: Кај 14 јавни здравствени установи утврдени неправилности во работењето, а кај 18 неправилности во исплатата на платите

Филипче: Целосна поддршка од коалициските партнери на СДСМ за Резолуцијата

КИНСИВ почна истрага за падот на спортскиот авион во Мавровското Езеро