Утрински Весник
Скопје

Град Скопје објави конкурс за најубаво украсени двор и тераса

599497821 1397980198621932 7930696070211469736 n.jpg

Град Скопје објави конкурс за најубаво украсени тераса и двор за новогодишните празници. Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, а Град Скопје ќе обезбеди соодветни награди за најуспешните учесници во сите категории.

„Со манифестацијата „Украсуваме по скопски“ ги мотивираме и поттикнуваме скопјани да ги украсат своите домови и да придонесат кон создавањето празнична атмосфера низ целиот наш град. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат и да се натпреваруваат за најкреативно и највпечатливо новогодишно украсување, може да се пријават на телефонскиот број: 3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот, во периодот до 23 декември 2025 година. Фотографиите од украсените домови или дворови, заедно со податоците за сопственикот, контакт-телефон и адреса, може да се испраќаат и на e-адресата: kabinet.nastani@skopje.gov.mk или по пошта, на адреса: bул. Илинден бр. 82, со назнака за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Град Скопје и годинава ќе ги избере најдобрите во следните категории: најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа, најубаво новогодишно украсена тераса од стан и најубави раскази од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на крајот од декември.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Градот полека застанува на нозе, го враќаме достоинството на скопјани 

Сите што должат за данок на имот кон Град Скопје имаат 15 дена да го платат истиот

Без струја дел од Аеродром, Карпош и Илинден