Утрински Весник
Македонија

Над 40 авто-школи под надзор, постојат сомнежи дека ги договарале цените за обука

64db7fdce836766ea59955e7 screenshot 2023 08 15 at 15.37.54.png

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Република Северна Македонија, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 автошколи.

При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – картел при формирањето на цените за обука на кандидатите за возачи што преставува потенцијално прекршување на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата.

Комисијата продолжува со интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите релевантни факти. Доколку се потврди постоење на забрането договорно дејствување, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот. Комисијата останува посветена на заштита на конкурентниот пазар и интересите на потрошувачите.

Можете да прочитате

МВР ги чисти нелегалните казина – има и приведени

Предлогот за разрешување на Коцевски стигна во Собранието

Кривична за тетовец: Полицијата му заплени пушка, куршуми и дигитална вага за дрога