Утрински Весник
Македонија

Хорор во гостиварско: Почината жена пронајдена закопана во дупка

Policija 3.webp.webp

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта извршил увид во атарот на селото Неготино, каде што било пронајдено тело на засега неидентификувано лице, закопано во дупка. Според првичните информации, постојат сомнежи дека станува збор за жена која претходно била пријавена за исчезната, со можни индиции дека била противправно лишена од слобода.

По наредба на јавниот обвинител, издадени се наредби за обдукција и идентификација на телото, како и прибирање материјални траги од местото на настанот. Во текот на ноќта биле преземени повеќе истражни дејствија.

Едно лице е приведено и му е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел обезбедување на докази, додека уште едно лице е задржано и се прават дополнителни проверки за неговата поврзаност со случајот.

По насока на јавниот обвинител, истражните органи продолжуваат со активности за целосно расветлување на настанот.

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски изгради ѕид околу Македонија – сега буди меѓуетнички тензии

На ,,Богородица” утрово се чека до еден час за влез во Грција

ГОРИ КАЈ ЦЕРОВО: Екипите се на терен, се спречува ширењето на пожарот