Утрински Весник
Балкан

Мигранти се удавиле откако чамец што ги превезувал се превртел во Сава

Lonjsko polje goran safarek 1.jpg

Во раните утрински часови на реката Сава, на потегот од Самостан до поранешната фабрика „Бродјанка“ во Славонски Брод, се случила тешка трагедија во која животите ги загубиле повеќе мигранти.

Според изјавите за Хина, командантот на Јавната противпожарна единица во Славонски Брод потврдил дека загинале три лица, додека хрватската полиција досега официјално информира дека има најмалку еден загинат.

На терен веднаш излегле екипи на противпожарната служба, полицијата, итната помош и Хрватската горска служба за спасување (ХГСС) по добиена пријава дека група мигранти се превртела со чамец обидувајќи се да ја премине реката.

Според досегашните информации, во чамецот имало вкупно 13 лица. Полицијата потврди дека под надзор се наоѓа државјанин на БиХ, осомничен дека ги превезувал мигрантите преку реката во обид за незаконски премин.

Истражните служби и спасувачките екипи продолжуваат со пребарувањето и обезбедувањето на подрачјето, додека трае утврдувањето на сите околности поврзани со трагичниот настан.

Можете да прочитате

Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Ескалираа протестите против Рама: Специјалната единица РЕНЕА излезе на улиците на Тирана

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата – оштетени јавни објекти и инфраструктура