Утрински Весник
Македонија

Со возило удрила скопјанка, ја однела во приватна болница и си заминала

Policija 2.webp.webp

На 10.12.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември” е пријавено дека кај нив дошла 62-годишната Ј.Ф. од Скопје, која на 09.12.2025 околу 16:45 часот на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт” и ул.„Орце Николов” во Скопје била удрена од патничко возило „тојота” со скопски регистарски ознаки, управувано од женско лице.

По ударот лицето ја однелo во приватна здравствена установа, а по прегледот заминалo во својот дом и не го пријавилo случајот.

Полициски службеници од увидна екипа од СВР Скопје со женското лице извршија службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Можете да прочитате

Чучуљ: Не би ја коментирал одлуката за случајот со мазутот, ДКСК не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството

СДСМ бара оставка од Обвинителот Савевски по скандалот со телефонските нарачки од Мицкоски

Осомничениот од Старо Нагоричане прв сериски убиец на жени, обвинителството открива нови кривични дела