Утрински Весник
Економија

Милионски загуби, долгови и блокирани сметки – финансиски биланси на локалните јавни претпријатија

Image 2025 12 11 113226358 e1765449165294.png

Денеска, Центарот за граѓански комуникации ги објави анализата и базата на отворени податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија во земјава.

Истражувањето открива дека:

· Загуба оствариле повеќе од половина од локалните јавни претпријатија во земјава, односно 71 од 128-те претпријатија.

· Вкупниот износ на загубите изнесува 17 милиони евра.

· На првите три места според загубите се скопски, а на третото и четвртото место се битолски јавни претпријатија.

· Во последните години растат и загубите и бројот на претпријатија со загуби.

· Само првите 10 претпријатија со најголеми загуби, прикажале 77 % од вкупните загуби.

· Вкупните долгови на локалните јавни претпријатија, мерени преку нивните краткорочни обврски, изнесуваат 193 милиони евра.

· Долговите на 10-те најзадолжени претпријатија се 40 % од вкупните долгови на сите претпријатија.

· На дури третина од локалните јавни претпријатија им е блокирана банкарската сметка.

· Во локалните јавни претпријатија работат повеќе од 12.000 луѓе, иако бројот на вработени во последните неколку години благо се намалува.

Можете да прочитате

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра

Македонско-албански бизнис-форум: Подобро поврзување и укинување на царините за зголемување на трговијата и размената

Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста за 2026 година ќе се финансираат 32 проекти