Утрински Весник
Македонија

Претрес во тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица

598377791 1159533693023823 269281800408086635 n.jpg

На 11.12.2025 околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Р.(30) од с.Орашје, општина Јегуновце.

При претрес во неговиот дом во селото Орашје, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со две рамки со вкупно 22 куршуми калибар 7,62 милиметри, 78 куршуми непозната марка и калибар, марихуана, дробилка и дигитална вага.

При претресот во неговиот дом е затекната И.Д.(34) од Сојузна Република Германија, која е привидена и задржана во полициска станица затоа што го пречекорила туристичкиот престој. Ф.Р. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Приведени девет возачи, сите управувале возила без дозвола

Приведени девет возачи, сите управувале возила без дозвола

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов