Утрински Весник
Спорт

Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ слави 90 години постоење

20251211085624 big 730x400 1.webp.webp

Здружението планинарско-спортски клуб „Пелистер“ – Битола, најтрофејното и најстарото национално планинарско-спортско друштво на Република Македонија, формирано во 1935 година, слави 90 години постоење. Во рамки на јубилејната програма, вечер во Битола пред планинарите и рекреативците од градот и држава, ќе гостува д-р Сашко Кедев, кој во битолскиот театар ќе ја претстави преентацијата „14х8000 метри“, а в недела на планината Баба ќе биде изведена планинарска пешачка тура.

Во архивите на клубот е забележано дека тој е основан во Битола во 1935 година како Туристичко-планинарско друштво „Пелагонија“, а Здружението планинарски спортски клуб „Пелистер“ е негов правен наследник. Како основоположник на македонското национално планинарско движење друштвото ги постави основите на организираното планинарење и скијање во Македонија.

Во текот на своето постоење ги изнедри најголемите имиња на битолското и македонското планинарство, меѓу кои и Димитар Илиевски Мурато, кој во 1989 година стана првиот Македонец што го освои Монт Еверест.

Од ПСК „Пелистер” произлегоа многу државни прваци во скијање во сите категории, а неговите планинари стигнаа на највисоките точки од Балканот, односно планинските врвови Мусала, Олимп, Триглав, Пирин, Кораб, Пелистер, Пинд, Боботов Кук, Солунска Глава, но и на највисоките места од Европа и светот, како што се Елбрус, Матернхорн, Арарат, Доломити, Монблан, Аконкагва, Килиманџаро, Врвот на Комунизмот, Хималаите, информираа од ПСК „Пелистер“-Битола.

Можете да прочитате

Познати првите пет учесници во нокаут рундите на Лигата на шампионите

Исландски судии за натпреварот Шкендија – Слован

Обвинет поранешниот претседател на Меѓународната федерација во кревање тегови