Утрински Весник
Македонија

Демократската партија на Турците ја поднесе кандидатурата за градоначалник на Центар Жупа

Img 5461.jpg

Демократската Партија на Турците на Македонија (ДПТМ) соопшти дека официјално ја поднела кандидатурата на Аријан Ибраим, за градоначалник на Општина Центар Жупа пред Државната изборна комисија, во пресрет на повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари во четири општини.

– Во пресрет на повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари во четири општини, денес официјално ја поднесовме кандидатурата на нашиот кандидат за градоначалник, Аријан Ибраим, во Државната Изборна Комисија, за Општина Центар Жупа – тврдината на Демократската Партија на Турците.

Центар Жупа е општина во која со години заеднички вложуваме труд, доверба и посветеност. Нашиот кандидат Аријан Ибраим, преку својата работа и пристап, ја стекна и ја зацврсти поддршката на граѓаните. Уверени сме дека и на овие избори ќе продолжиме по истиот пат, со истата одлучност и посветеност.

Веруваме дека на 11 јануари, со уште поголема излезност и уште посилна поддршка од нашите сограѓани, Центар Жупа повторно ќе победи. Нека овие избори бидат успешни и благотворни за нашиот народ, за државата и за целото наше членство. На нашиот кандидат и на општинската организација им посакуваме искрен успех.

Со силна вера и искрена желба, со нетрпение очекуваме повторно да прославиме голема победа во Центар Жупа. Цврсто веруваме дека оваа победа ќе ја постигнеме заедно со народот на Центар Жупа, стои во соопштението на Демократската Партија на Турците на Македонија (ДПТМ).

Можете да прочитате

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда