Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Србија цврсто е посветена на членството во ЕУ 

Vucik.jpg

Енергетскиот сектор, енергетската безбедност и стабилност на Србија беше главната тема на работната вечера во Брисел на која присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ,претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

„Србија е цврсто посветена на својата стратешка цел, членство во ЕУ, и останува сигурен и одговорен партнер на ЕУ во сите процеси што придонесуваат за мирот, стабилноста и просперитетот на нашите граѓани“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

На својот Инстаграм профил Вучиќ објави дека со претставниците на ЕУ разговарал за европскиот пат на Србија, енергетската безбедност и стабилност на државата, како и за ситуацијата во регионот.

„Голема чест за Србија е што имав можност вечерва во Брисел да разговарам со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта за клучните прашања од билатералните односи меѓу Србија и ЕУ и нашиот европски пат. Благодарен сум за нивното гостопримство и искрената поддршка за нашата земја, нашиот европски пат, како и за нашата агенда за реформи и развој“, напиша Вучиќ.

Тој додаде дека разменил мислења со своите домаќини за сите чекори што ги презела Србија за спроведување на реформите и исполнување на своите обврски.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка во Младеновац Србија, еден загинат и седум повредени

Бугарија: Започна реконструкцијата на граничниот премин „Капитан Андреево“ вредна 43,55 милиони евра, капацитетот ќе се зголеми за 25 отсто

Осомничен за подметнување пожари во Хрватска е сопственик на земјиштето со канцерогениот отпад „Црно Брдо“