Утрински Весник
Свет

Макрон и европските лидери разговарале со Трамп за напредок во Украина

Makron1.jpg

Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп и со други европски лидери, со цел да се постигне напредок во врска со Украина. Во разговорот, кој траел околу 40 минути, учествувале и британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

– Лидерите ги разгледаа најновите вести за тековните мировни преговори што ги водат Соединетите Американски Држави. Интензивната работа на мировниот план продолжува и ќе продолжи во наредните денови, се наведува во соопштението на британската влада.

Тие исто така се согласија дека станува збор за „критичен момент за Украина, нејзиниот народ и за заедничката безбедност низ евроатлантскиот регион“.

Можете да прочитате

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено