Утрински Весник
Македонија

Уапсени 12 лица за трговија со оружје и дрога

Triesetdneven Pritvor Za 25 Godishen Diler Na Droga 204025.jpg

По повеќемесечна предистражна постапка, рано утрово полициски екипи од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, извршија координирана акција на повеќе локации во селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Ченто и Чаир.

Во операцијата беа уапсени 12 лица осомничени за „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Едно лице дополнително се товари и за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“. Јавниот обвинител веднаш отвори истражна постапка против сите 12 осомничени.

Според обвинителството, групата делувала од април до декември 2025 година, со јасна организација и распределени улоги, со цел незаконска трговија со оружје – за што е предвидена казна затвор од најмалку три години. Првоосомничениот, како што се наведува, набавувал огнено оружје и муниција од засега непознати лица од Косово, кои потоа ги пренесувал и складирал во Македонија, на локации во Сингелиќ и Брест.

Тој ги организирал продажбата и посредувањето, додека другите членови на групата се занимавале со набавка, логистика и координација на испораките. Еден од приведените се сомничи и за продажба на кокаин. Обвинителството истакнува дека се исполнети условите за определување притвор и најави поднесување предлог до судијата на претходна постапка сите осомничени да бидат задржани во притвор.

Можете да прочитате

Министерот Зоран Љутков на Меѓународниот саем за туризам ЕМИТТ во Истанбул

Денеска нови претреси во објекти за марихуана поврзани со големата заплена во Србија

Расчистени девет случаи на измама со лажни сообраќајки, охриѓанец жртвите ги оштетил за 60.000 евра