Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Протести во Скопје за Хаг, школото на Вучиќ за дефокусирање од темата за мигрантите 

Sdsm.jpeg

Соопштение  на СДСМ:

Најавите за протести во Скопје за Хаг и ОВК доаѓаат како појас за спасување на власта и пренасочување на вниманието од главната тема: договорот за мигранти во Македонија.

Тоа е истиот рецепт и стратегија на Белградската школа што ја следи ДПМНЕ и во моментот се случува во Србија. Вучиќ зборува за големи војни, исто како Груевски и Сиљановска, затоа што овој месец е најавен голем протест на студентите. 

Иста екипа истите шеми. 

Тоа го гледаме сега и кај нас, особено откако избија корупциските скандали и откако се дозна дека власта разговара за Британија за носење мигранти во Македонија.  

Британските медиуми ја објавија вистината и сите знаат веќе што ветувала Владата на Мицкоски.

Големите протести во Британија траат речиси цела година а на последниот голем протест имаше над 150.000 луѓе.  

Кај нас состојбите допрва ќе се влошуваат. Владата нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра. Сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти. 

Оваа власт е подготвена на се само да ја покрие вистината тема.

Нема поголем приоритет сега од тоа да се спаси Македонија и нејзината иднина, народот вели НЕ за мигранти и НЕ за загрозување на безбедноста на државата само за да се задржат на власт.

Нема да ви помине, народот гледа и знае се, нема да падне на вашите провокации.

Работата не е завршена.

Можете да прочитате

Демократската партија на Турците ја поднесе кандидатурата за градоначалник на Центар Жупа

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата, инцидент на лет кон Скопје

Граничните премини Евзони и Ники и денеска затворени на неколку часа