Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајка кај клучката „Илинден“ – Повредени 19-годишник и уште четири лица

Soobrakajka.jpg

19-годишен возач и уште неколку лица се повредени откако возило излета кај клучката Илинден.

– На 08.12.2025 околу 10:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, кај клучка Илинден, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.А., додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Ф.А., Е.А. и Н.А., сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, известија од полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе нови кадровски одлуки за локалните комитети

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ падна на сопствениот патриотски тест

УХМР предупредува: Невреме, пороен дожд и силен ветер ја очекуваат Македонија оваа седмица