Утрински Весник
Македонија

Имаме и ние „Ќаци” препишувачи, безидејното ДПМНЕ го копра Вучиќ

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Имаме и ние „Ќаци” препишувачи. Ова безидејно ДПМНЕ целосно го копира Вучиќ.

СДСМ објавува соопштение дека Никола Груевски од Будимпешта ги води и им пишува што да кажат, праќа денеска соопштение ДПМНЕ „Заев од Дубаи” ги пишува текстовите на СДСМ. 

Вчера СДСМ објави соопштение со наслов „Децата на Орбан”, ВМРО-ДПМНЕ излегува со соопштение „Децата на Заев”.

СДСМ објавува соопштение „кога крадецот вели држете го крадецот!”. Томовски се јавува и ги употребува истите зборови „крадецот вели држете го крадецот”.

Она што на сите им е одамна познато е дека Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико”.

Ама во ВМРО-ДПМНЕ очигледно не ја разбрале добро улогата на Светите Кирил и Методиј и нивните школи, како ни улогата на Климент Охридски. Тие се поблиски до препишувачката Ресавската школа.

Бадијала им е на македонските „Ќаци” препушувачи, граѓаните знаат и гледаат. Криминалот е на виделина. Сите ќе одговарате од прв до последен.

Работата не е завршена!

Можете да прочитате

Кичевчанец возел со над 1,5 промили алкохол во крвта

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да создаде лажен скандал со интерпретации и класични дезинформации

На премините Дојран и Табановце за излез од државата се чека 30 односно 40 минути, ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез