Утрински Весник
Македонија

Кочанка поверувала дека е врзана со магија, па останала без накит и пари: Две жени ја измамиле и заминале со пленот

Kako prepoznati zlato 231.jpg

Жена на 62-годишна возраст вчера во 17 часот во ОВР Кочани пријавила дека била измамена од две женски лица.

Како што се посочува во дневниот билтен на МВР, оштетената тврди дека во двор од семејната куќа во кочанско село, дошле две жени и ѝ рекле дека ѝ е направена магија, а за да и помогнат и побарале накит и пари.

– Откако им дала пари и личен накит, лицата си заминале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Можете да прочитате

Од денеска до четврток АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста шап и лигавка

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Мециновиќ: Фондот за здравство нема демократски легитимитет да задира во веќе стекнатите права на работниците