Утрински Весник
Свет

Питбул усмрти 18-месечно бебе на Закинтос

Police.webp.webp

Трагедија го потресе грчкиот остров Закинтос, каде семеен питбул усмрти 18-месечно бебе во дворот од семејната куќа, јавува „Прототема“.

Според првичните информации, детето штотуку се вратило од шопинг со родителите и останало накратко само во дворот, кога кучето одеднаш го нападнало од непознати причини.

Родителите веднаш ги повикале итните служби и детето било пренесено во болница, но лекарите не успеале да го спасат. Таткото е од албанско потекло, мајката е Британка, и семејството долго време живеело на островот. Локалната заедница е во шок, а властите започнаа истрага за околностите на нападот. Родителите се приведени.

Можете да прочитате

Катар: Разговорите за завршување на војната меѓу САД и Иран напредуваат

Трамп пак му се закани на Иран: Отворете го Ормускиот теснец или ќе бидете силно погодени!

Огромен напад врз Киев, има многу ногу мртви и ранети