Утрински Весник
Свет

Патници изложени на солзавец утрово на аеродромот Хитроу во Лондон

Policija London Epa 800x516 1.jpg

Неколку лица на аеродромот Хитроу во Лондон утрово беа изложени на супстанца за која се верува дека е солзавец. Полицијата трага по осомничените. Инцидентот се случил на паркингот пред Терминал 3. Неколку лица побарале лекарска помош, при што повредите не се сметаат за сериозни.

Лондонската служба за итни случаи прогласи значаен инцидент и на терен беа испратени сите расположливи ресурси, вклучително и пожарникари и полиција. На социјалните мрежи се објавени снимки од поголем број на вооружени полицајци и приведување на едно лице.

Инцидентот предизвика нарушувања во сообраќајот: привремено беше затворен јужниот крак од автопатот M4 и дојде до задоцнувања на линиите Elizabeth и Piccadilly.

Можете да прочитате

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните два месеци

Трамп ги откажа планираните воени напади против Иран поради напредок во преговорите

Светска банка: Глобалниот раст ќе биде најслаб од почетокот на Ковид пандемијата