Утрински Весник
Македонија

„Не бараме одмазда, туку правда“, порачаа родителите на денешниот „Марш за ангелите“

20251206170430 big 730x400 99.webp.webp

Денеска во Кочани се одржа уште еден „Марш за ангелите“, организиран од родителите на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Од Паркот на револуцијата колоната тргна во 14:05 часот , помина низ центарот на градот, продолжи покрај Управата за јавни приходи и полициската станица, и заврши пред Основниот суд. Таму родителите ги повторија своите барања за правда, одговорност и целосно расветлување на случајот.

Маршот се одржа додека судењето за несреќата е во тек. Родителите нагласија дека нема да запрат со протестите сè додека институциите не обезбедат вистинска правда и соодветни санкции за виновниците.

, порачаа тие, истакнувајќи дека судницата не смее да се претвори во „Струшки вечери на поезијата“.

Можете да прочитате

СДСМ: Додека Гостивар пие загадена вода, ВМРО-ДПМНЕ со бизнис зделка од 100.000 евра за набавка на флаширана вода

ВЛЕН: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ, а уште помалку има право да го урива

Полициска акција во Скопје: Во „голф“ откриени околу 230.000 евра, двајца приведени од Косово