Утрински Весник
Спорт

ПМФЛ: Шкендија го совлада Башкими

Pmfl.png

Актуелниот шампион Шкендија го задржа чекорот со водечките Вардар и Струга, откако попладнево триумфираше над Башкими во Куманово со 3-1 во рамки на последното, 16 коло, од есенскиот дел на сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Шкендија до победата дојде со головите на Алими (4 минута, автогол), Тамба (34) и Адеми (74), додека почесниот гол за Башкими го постигна Алексовски (7).

Со освоените три бодови на гостувањето во Куманово, фудбалерите на Шкендија останаа третопласирани на табелата со 36 бодови, пет помалку од Струга на второто место и шест помалку од есенскиот првак Вардар.

Во рамки на завршното коло од првиот дел на сезоната, утре на програмата се дуелите меѓу Работнички – Силекс и Шкупи – Брера, а в понеделник Аресими во Гостивар го пречекува Пелистер.

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026