Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Македонија мора да застане исправено, за иднината на генерациите

Mickoski.jpg

Секое сериозно движење и организација мора да има цврста основа, јасна рамка и патоказ кој ќе ја одреди иднината. Македонскиот плурализам донесе многу политички партии, но многумина исчезнаа, некои беа експерименти, додека други се борат за опстанок поради погрешни одлуки и слабости во лидерството.При силните ветришта и бури, вистински се тестира силата на врзивното ткиво на организацијата – нејзината идеологија, уверувањата и желбата за успех. Кога се напушта идеологијата, се губи идентитетот и се заменува колективната среќа со индивидуални интереси, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот Конгрес во Кавадарци.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е голема партија која ја носи историјата, борбите и соништата на многу генерации.

-ВМРО и Македонија биле сопатници низ времето. ВМРО секогаш постоело и постои за една цел – Македонија!, потенцираше Мицкоски.

Според него, државата се гради со карактер и храбри одлуки, а не со зборови.

-Иднината не ја носат храбрите говори, туку храбрите одлуки. Денес зборуваме за обновата на македонската самодоверба и враќањето на чувството дека оваа земја не е експеримент, туку наследство од генерации што се бореле за да постоиме, рече Мицкоски.

Тој истакна дека Македонија не смее да живее во дефанзива, туку мора да застане исправено, со достоинство и јасна мисла.

-Напредокот не доаѓа од оние што чекаат, туку од оние што тргнуваат да го создадат. Ниту надворешни сили ќе ја изградат нашата држава, ниту ќе ни ја заштитат историјата. Тоа е наша должност и генерациска мисија, нагласи лидерот.

На конгресот беше презентиран и новиот документ – „Стратегија Македонија 2030“, придружен со нова парадигма, идеолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните, кој претставува визија за иднината на државата и генерациите што доаѓаат.

-Овој конгрес се случува по историската победа на последните локални избори. Победите ни даваат одговорност да ја водиме државата, но и да го трасираме патот за иднината. Народот сеуште живее тешко и мачно, и ние сме тие кои мораме да донесеме надеж и подобра иднина, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Уапсен охриѓанец оти истепал друг охриѓанец

Србин, Турчин и уште неколку лица од Скопје, меѓу кои и малолетници, уапсени за дрога

Преку Фејсбук повикувал на убиство на маж од Кочани – Доби кривична пријава од полицијата