
СДСМ, преку Антикорупцискиот тим АКТ, денеска објави нов скандал, нова бомба од серијата злоупотреби што ја тресат власта на Мицкоски и ДПМНЕ.
На денешната прес-конференцијата, членот на ЦО, Александар Саша Димитријевиќ ги претстави најновите докази за системско испумпување на народни пари преку фирми блиски до власта.
„АКТ, активно продолжува со објавување на криминалот на ДПМНЕ и владата на Мицкоски пред Конгресот на старата банда”, истакна Димитријевиќ, потсетувајќи дека „видовме како се пумпаат 9 милиони евра, пари на граѓаните преку блиски луѓе и посредници” и дека „видовме како се краде народот преку наместени тендери”.
Но, како што рече тој, денешната бомба покажува дека овие шеми стануваат уште побрутални:
„Ама за старата банда не се доволни посредници од надвор, таа е гладна, ненаситна, бизнисот мора да го тераат лично и од дома, од фамилијата. Денеска објавуваме нов скандал, нова бомба! За тоа кој и како ‘чисти’? Сите патишта водат до Ивица Томовски и СОЗР. Не чисти СОЗР, ‘чисти’ семејната фирма на Томовски. Попрецизно кажано, ги чистат парите на граѓаните и тоа во милиони евра.”
Димитријевиќ објави конкретни податоци:
„Од државни институции и од општини, водени од ДПМНЕ, семејната фирма на Томовски која го менува името добила: неверојатни 5 милиони и 360 илјади евра или вкупно 161 тендери. Тоа се речиси 5,5 милиони евра! Пари на граѓаните!”
Дополнително, со доаѓањето на ДПМНЕ на власт, бизнисот на фамилијата Томовски експлодирал:
„Семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%!!! И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот.”
Во тековната 2025 година, истата фирма веќе добила нови 10 тендери од речиси половина милион евра.
Сопственик на Сити логистик во моментот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски, а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата – Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име.
„За што е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата мислам дека на народот му е кристално јасно после ова. Важно фамилијарните бизниси течат.” потенцираше Димитријевиќ.
„Ние само што почнавме, а нашата Нова сила, нашиот АКТ работи со полна пареа. Граѓаните нè поддржуваат, сите се дел од еден тим, еден фронт. Сите НИЕ, граѓаните на оваа земја, сме против КОРУПЦИЈАТА! Работата не е завршена!” потенцираше Александар Саша Димитријевиќ.
Антикорупциски тим СДСМ

