Утрински Весник
Македонија

Чучуљ: Ќе постапуваме по сите иницијативи за корупција, без разлика од каде доаѓаат

Img 20251121 wa0000.jpg

Новиот претседател на Антикорупциската комисија, Адем Чучуљ, вели дека Комисијата ја поздравува секоја иницијатива за борба против корупцијата и ќе ги следи сите јавни настапи, без разлика од каде доаѓаат.

– Ја поздравуваме секоја иницијатива било да е од политичка партија, здружение на граѓани, медиуми за борба против корупцијата. Ќе ги следиме сите јавни настапи било на медиумите, опозицијата или власта и секаде каде има основ за наше постапување, ќе постапуваме… ДКСК е превентивно тело и нашите капацитети се ограничени во делот на истрагата, истакна Чучуљ во гостување на „Сител“, коментирајќи ги најавите на СДСМ за објавување снимки за наводна корупција.

Во врска со можноста за ревидирање на предметите од мандатот на претходната претседателка, Чучуљ смета дека нема потреба, бидејќи одлуките се носеле на јавни седници и со мнозинство гласови. Појасни дека распределбата на предметите е електронска и без влијание на претседателот.

– Сите одлуки… се донесени и со мнозинство… немам дилеми дека има простор за злоупотреба. Предметите се распределуваат електронски… не постои никакво влијание на претседателот, подвлече Чучуљ. За едногласната поддршка при неговиот избор, Чучуљ вели дека е изненаден и благодарен, но и дека чувствува морална и професионална одговорност. Тој најави и поголема транспарентност кон медиумите, со редовни брифинзи по една до две седници, како и нова стратегија за односи со јавноста.

Можете да прочитате

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

Јаневска: Универзитетите со најдобри резултати ќе добијат најмногу средства од државниот буџет

Владата негира дека преговара за мигрантите