Утрински Весник
Македонија

Донесени измените на законот за градење

Sobranie.webp.webp

Собранието ги донесе измените на Законот за градење со кои новите станбено-деловни градби и градбите за колективно домување.Законот се однесува за подрачја на кои има техничка можност за приклучок на систем за дистрибуција на топлинска енергија, задолжително ќе мора да се проектираат и изведуваат со целокупната машинска инсталација за спроведување на топлинската енергија преку парно греење.

Пратениците ги донесоа и измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Пратеничката од ВМРО- ДПМНЕ Драгана Бојковска посочи дека во собраниската сала не се присутни пратениците од опозицијата, иако се носат позитивни и важни закони. 

–  Ценам дека ваков тип на закони кога доаѓаат од страна на пратениците, треба да бидат поддржани од сите пратеници но, може да зебележиме дека имаме нула присутни од опозицијата. Ниту еден пратеник од опозицијата не е присутен на оваа седница. Ова укажува на тоа дека опозицијата молчи кога се носат позитивни закони, рече Бојковска.

На ова реплицираше координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски кој рече дека ова е показна вежба за парламентарното мнозинство и дека секогаш кога нема да имаат 61 пратеник, опозицијата ќе биде надвор. 

– Опозицијата е тука, треба да си најдете одговор како од 78 пратеници, немате 60 за да држите седница. Ова ви е показна вежба и од сега натаму секогаш кога нема да имате 61 пратеник, ние ќе бидеме надвор пред врата и ќе чекаме надвор. Ако сакате да помогнете треба сите да бидеме присутни тука. Ова што го нудите, се знае што е, за конкретна фирма е. Денеска сме 5-ти, а рокот во законот е да се пријават до 10-ти. Опозицијата ќе биде тука кога треба да биде, рече Спасовски. 

Во рамки на 72. седница беа донесени и измените на законите за средно и за основно образование, како и одлуката за избор на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци. 

Можете да прочитате

Николоски: Македонија вложува силни напори за изградба и модернизација на европските коридори 8 и 10

Филипче: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта

Отворени за сообраќај „Меџитлија“ и „Богородица“ , магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево