Утрински Весник
Свет

Бундестагот го одобри пензискиот пакет

Germanija 2.webp.webp

Германскиот Парламент денеска со апсолутно мнозинство го прифати нацрт-законот за пензии, кој треба да го осигура нивото на пензиите во иднина. Германската коалиција обезбеди мнозинство за усвојување на спорниот закон за пензии во Парламентот без помош од опозицијата.

– Ова е добар ден за коалицијата, која покажа дека е способна да дебатира, но истовремено и да донесува одлуки, рече по гласањето во Бундестагот Јенс Шпан, претседател на пратеничката група на демохристијанската Унија ЦДУ/ЦСУ.

Претходно, постоеше закана од конфликт меѓу демохристијаните и социјалдемократите околу пензискиот пакет, што делумно се закануваше и со распаѓање на коалициската влада на Фридрих Мерц.

На законот за пензии најмногу се противеа пратениците на Унијата од редовите на т.н. „Млада унија“, кои сметаа дека новиот закон прекумерно ги оптоварува припадниците на помладата генерација.

Прифаќањето на законот беше доведено во прашање бидејќи владиното мнозинство во Бундестагот зависи и од гласањето на 18-те пратеници на т.н. „Млада унија“.

Можете да прочитате

Трамп пак му се закани на Иран: Отворете го Ормускиот теснец или ќе бидете силно погодени!

Огромен напад врз Киев, има многу ногу мртви и ранети

Франција регистрираше повеќе од 14.000 пожари и над 400 апсења од почетокот на сезоната