Утрински Весник
Економија

Димитриев: Прераспределбта на буџетски средства ја разоткрива фискалната импровизација на власта

Levica.webp.webp

Во Собранието е поднесена Предлог одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите, потег кој како што вели Марјан Димитриев, раководител на сектор финансии во Левица, уште еднаш ја разоткрива грубата импровизација во фискалното управување.

„Овој потег кој повеќе личи на панично финансиско однесување отколку на одговорно планирање ја разоткрива системската неспособност институциите навремено и прецизно да ги проектираат своите потреби”, истакнува Димитриев.

Тој укажува дека фактот што се издвојуваат нови 48 милиони евра за покривање на  недостигот во пензискиот систем е јасен сигнал дека државата не може да обезбеди ниту основна ликвидност за најчувствителните социјални обврски.

Според него, дополнителен проблем претставува фактот што со оваа прераспределба се кратат средства за капитални инвестиции, токму оние кои треба да го движат развојот и модернизацијата на државата. 

 „Фискалната политика е заглавена во ‘гасење пожари’ наместо во градење на иднина”, завршува Димитриев со што укажува дека предложените промени уште еднаш го отвора прашањето за одржливоста на актуелно буџетско планирање.

Можете да прочитате

Серафимовски: Со новиот закон за уредување на пазарите земјоделците ќе добијат поголема сигурност при пласманот

Лукаревска до Серафимовски: Граѓаните имаат право да знаат каква храна јадат, зошто го криете извештајот за „млечниот скандал? 

Познато е колку ќе се зголемат пензиите од овој месец