Утрински Весник
Свет

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

677z381 dmitry medvedev 1.jpg

Потпретседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, процени дека користењето на руските замрзнати средства од страна на Европската Унија ќе се смета за „casus belli“ (причина за војна), објави парискиот весник „Монд“.

Европската комисија во средата презентираше двегодишен план за финансирање на Украина, а една опција е користење на руските средства замрзнати во Европа.

Меѓутоа, мерката сè уште се соочува со отфрлање од Белгија, каде што се наоѓаат поголемиот дел од замрзнатите руски средства.

-Доколку ЕУ, во напад на лудило, сè уште се обидува да украде руски средства замрзнати во Белгија со доделување на она што се нарекува псевдо-заем за репарација, таквите дејствија, според меѓународното право, би можеле да се сметаат за casus belli, со сите последици што произлегуваат од тоа за Брисел и за одредени земји од ЕУ – напиша Медведев во порака на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Крајно неизвесни избори во Хондурас: Кандидатот на Трамп премина во водство, опонентот тврди дека е направена измама

Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога

Де Вевер: ЕУ не може да бара од Белгија да го направи невозможното