Утрински Весник
Македонија

РСБСП апелира: За време празникот 8 Декември, возете безбедно-стигнете сигурно

Rsbsp 8 dekemvri 1170x780 1.jpg

По повод претстојниот празник 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски, а со оглед на тоа што претстои продолжен викенд и се очекува зголемен интензитет на сообраќајот на патиштата, особено на патните правци кои водат до туристичките места. Поради тоа, повикуваме на зголемена внимателност и одговорно учеството во сообраќајот.

Со цел безбедно пристигнување на саката дестинација, РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината на движење согласно состојбата и условите на патот, да користат сигурносен појас, да не консумираат алкохол доколку планираат да возат, да ја проверат техничката исправност на возилото и истото да го подготват за патување во зимски услови, да ја поседуваат пропишаната законска зимска опрема и навремено да се информираат за состојбата на патиштата.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата потсетува дека празниците се време за создавање спомени и доживувања, семејни средби и дружење, а не време за непромислени одлуки кои може да завршат фатално.

Наша заедничка цел е секој граѓанин да пристигне безбедно на саканата дестинација.

Возете внимателно – секој живот е важен!

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со соопштението „Мицкоски најавува избори“, покажува дека се плаши од соочување со народот

Кривична за директорка на средно училиште во Делчево, доставила фалсификуван тест за познавање на аглиски јазик од Бугарија

Корупцијата на власта оди до Брисел, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија