Утрински Весник
Скопје

По две години скопјани повторно ќе добиваат субвенции за инвертери

Klima.jpg

После две години, скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди, откако доцна вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги потпиша решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје.

„Со оваа мерка ги поддржуваме домаќинствата што инвестирале во набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди во 2025 година, кои ќе носат пониски трошоци, повисока енергетска ефикасност и значително подобри услови за живеење. Со инвестирање во клима уреди, правиме чекор напред кон почиста и поздрава животна средина. Со намалена потрошувачка на енергија и пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат кон заштита на воздухот и создавање поеколошко и одржливо Скопје“, вели Ѓорѓиевски.

Имено, Градот Скопје ќе им ги надомести трошоците за набавка на уредот во износ до 20.000 денари по домаќинство, во нето износ, а данокот на личен доход целосно ќе го покрие Градот.
Ѓорѓиевски најавува дека во периодот што следи, ќе продолжат со нови јавни повици за субвенции, со цел да се олесни секојдневието на скопјани и Скопје да биде подобро место за живеење.
Градот Скопје, во јуни годинава, распиша Јавен повик со цел зголемување употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои набавиле уред во 2025 година ќе им ги надомести трошоците до 20.000,00 денари по домаќинство.

Право на учество на јавниот повик имаа жители на градот Скопје кои набавиле инвертер клима уред за затоплување на домаќинство во периодот од 01.01.2025 година до завршување на јавниот повик, кои ќе поднесат барање за надомест на трошоците.

Можете да прочитате

ЦУК со детали за пожарот во Старата скопска чаршија

Голем пожар избувна во објект кај скопското Кале

Град Скопје препорачува редовно чистење оџаци за почист воздух оваа зима